Рашковски пуштен од куќен притвор
Драган Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, повеќе не е во кужен притвор и правосилниот исход во случајот „Софтвери“ ќе го чека од слобода.
Кривичен суд прифатил гаранција од поранешниот владин ген-сек во недвижен имот со проценета вредност од 192.000 евра.
Случајот со набавката на софтверот од 81.000 евра, кој никогаш не бил ставен во употреба, беше обелоденет на почетокот на март 2021 година. Покрај овој тендер, во летото 2019 година, Рашковски донел уште две одлуки за јавна набавка за работи потребни за софтверот, иако во тоа време сè уште не бил склучен договор за набавката на софтверот.
„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот.“ информираат од Кривичен суд.
Рашковски беше во куќен притвор речиси четири месеци. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.
