Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски потврди дека е во Мексико, ВМРО-ДПМНЕ вели дека и Николовски е на одмор во Дубаи

Рашковски потврди дека е во Мексико, ВМРО-ДПМНЕ вели дека и Николовски е на одмор во Дубаи

Драги Рашковски, секретарот на Кабинетот на премиерот Зоран Заев, потврди дека е на одмор во Мексико и дека не избегал од аферата во која наводно преку Генералниот секретаријат на Владата купувал негов софтвер за сообраќајни прекршоци за МВР.

Рашковски за „Фокус“ потврди дека прв пат по три години оди на одмор и дека тоа го направил во чест на роденденот на неговата сопруга.

Од друга страна вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски се уште се нема одзвано во јавноста, откако синоќа функционери на ВМРО-ДПМНЕ  реагираа на натписот на „Нетпрес“ дека тој е на одмор во Дубаи.

Според опозицијата, за време на пандемија, владини функционери не треба да одат на одмор во далечни егзотични дестинации.

Слично

Поврзани вести