Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски по „победата“ на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода: Официјалното име не е индивидуална желба

Рашковски по „победата“ на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода: Официјалното име не е индивидуална желба

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, им порача на советниците на ВРМО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода дека употребата на официјалното име на државата не може да биде индивидуална желба, туку почитување на Уставот.

Вчера советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода „прогласи победа“ откако пред медиумите објавија дека спречиле да се промени називот на општината според новото уставно име.

„Градоначалникот на Општина Кисела Вода повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија, предложи да се промени статутот на општината така да прво печатот на општината, наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија.  Второ предлага секаде каде што се споменува зборот Република Македонија  да се замени со зборот Република Северна Македонија. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија предложи оваа точка да се симне од дневниот ред на денешната седница при што предлогот беше едногласно усвоен од Sоветот на Општина Кисела Вода“, објави вчера Весна Бошковска, советник во Советот на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ


Рашковски со изјава за Дојче Веле реагираше дека оваа „мала победа“ како што ја нарекоа советниците на опозицијата не може да биде предмет на толкување.

„Промената на името е факт. Промената на Уставот е факт. Законската обврска сите да го применуваат новото име - е факт. Тоа не е работа на нечие слободно толкување, на индивидуална желба или на 'мала победа'. Тоа е законска обврска која по автоматизам се спроведува, без оглед на опструкците што некој сака да ги направи. Ако секој индивидуално ги толкува законите и се бори против нешто што смета дека не му е прифатливо, на пример, за данок или за санкционирање кривични дела, ќе дојдеме до степен на анархија и правната држава ќе ја ја изгуби својата функција“, изјави Рашковски за Дојче Веле.

Слично

Поврзани вести