Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски останува во Владата, но на друга позиција

Рашковски останува во Владата, но на друга позиција

Со одлуката за формирање на Канцеларија на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија се формираат три нови Секретаријати, а Драги Рашковски ќе биде на чело на еден од нив.

Доскорешниот генерален секретар на Владата за ТВ24 потврдил дека ќе биде секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, функција која е во сила од вчера.

Покрај секретаријатот за мониторинг и поддршка на институциите, формирани се уште два - за организација и администрација на работата на претседателот на Владата на Република Северна Макдедонија и за комуникации и јавни политики.

Во вторникот Владата објави дека на местото на Рашковски нов генерален секретар ќе биде Мухамед Зекири.


Слично

Поврзани вести