Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски оди во куќен притвор

Рашковски оди во куќен притвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски од ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари заминува во куќен притвор. Одлуката за замена на мерката Апелација ја донела денеска и веднаш ја испратила до Основниот кривичен суд во Скопје, потврдуваат за „360 степени“ од второстепениот суд.

Решението за замена на притворот стигнало и во затворот во Шутка од каде велат дека очекуваат полициски службеници набрзо да пристигнат и да го спроведат Рашковски во домот каде ќе го издржува куќниот притвор.

Против Драги Рашковски во моментов се водат две истраги. И двете се за спроведени тендери, при што се купени добра што никој ниту ги барал ниту, пак, ги користи. И во двата случаи, тоа што генералниот секретар Драги Рашковски го купил, претходно го имал патентирано иноваторот Драги Рашковски.

Слично

Поврзани вести