Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски: Не сум патентирал софтвер, туку идеја

Рашковски: Не сум патентирал софтвер, туку идеја

Драги Рашковски, секретарот на кабинетот на премиерот Зоран Заев, демантира дека патентирал софтвер за следење на сообраќајни прекршоци, кој потоа Генералниот секретаријат на Владата го купил како јавна набавка за потребите на МВР.
Поранешниот генерален секретар на Владата вели дека патентирал само идеја, исто како што имал, како што вели тој, идеја за попис и за поврат на ДДВ.
„Не сум патентирал никаков софтвер. Во С. Македонија не е можно да патентираш софтвер, туку само идеја - постапка.

Категорично демантирам и отфрлам каква било поврзаност или корелација меѓу моите патентирани идеи со набавките кои Генералниот секретаријат на Владата ги има реализирано во времето кога јас бев Генерален секретар.

За да биде уште појасна огромната разлика меѓу идеја и софтвер (производ), ја информрам јавноста дека уште во 2013 година имам патентирано идеја и за гласање со отпечаток од прст. И ја користам оваа прилика од напред да отфрлам каква било поврзаност на мојата патентирана идеја со било каков евентуален софтвер кој државата евентуално би го набавила после евентуален политички договор за употреба на таков софтвер за изборни процеси.

Имам патентирани идеи и за попис од 2013 година, за поврат на ДДВ од 2016 година.

Не е во ред да бидам напаѓан затоа што сум имал идеи и истите сум ги патентирал, а денес се достапни како јавни добра и за нашата земја и за светот.“, реагира Рашковски на Фејсбук.

Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, потврди дека таа институција веќе отворила предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата.

Наќе Чулев, поранешниот технички министер за внатрешни работи, пак синоќа реагираше дека МВР не нарачал ваков софтвер, односно министерството не било запознато со такво нешто.



Слично

Поврзани вести