Рашковски: На своите партиски војници им давале плата без да одат на работа
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот профил на Фејсбук сподели неколку документи, од кои се гледа дека вкупно 78 државни службеници, иако не доаѓале на работа, со години примале плата.
Тие на 22 мај се повикани од кабинетскиот службеник во Кабинетот на генералниот секретар, Билјана Митева, која ги прераспределила во останатите организациони единици на Генералниот секретаријат. Решенијата за нивно вработување ги потпишал претходниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
„Додека некој се потсмева на покачување на минималецот, на своите партиски војници им давале плата без да одат на работа“- напиша Рашковски на својот Фејсбук профил.
На овие лица им се исплатени 824.000 евра.

Слично
