Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рашковски: Имаме писмен доказ дека вработените доаѓале на работа само за да се потпишат без да имаат друга обврска

Рашковски: Имаме писмен доказ дека вработените доаѓале на работа само за да се потпишат без да имаат друга обврска

Во однос на информациите коишто се појавија вчера и во однос на големиот интерес којшто го предизвика обраќањето преку социјалните медиуми на генералниот секретар на Владата, Рашковски даде неколку појаснувања како работите би биле многу појасни.

Тој на јавноста и прикажа 7 решенија со кои што им престанува работниот однос на 7 вработени во Генералниот секретаријат потпишани од претходниот генерален секретар Кирил Божиновски на 01.06.2017.

„Причината поради која што престанува работниот однос без  никакво покренување на посоодветна постапка е истата онаа за која што зборував и вчера, а тоа е три дена последователно не доаѓање на работа во последните месец дена.

Оттука се поставува прашањето, бидејќи вчера се зборуваше за некаква селекција, како е направена селекцијата да од тој збир на 80 лица да само 7  во рамките на Генералниот секретаријат добијат отказно решение од причина што сите имаат еднаков третман пред законот и сите не доаѓале на работа во последните две три или четири години“, рече Рашковски.

Рашковски посочи дека поранешниот Генерален секретар, го оштетил буџетот за над 800 илјади евра

„Станува збор за одговоронст која што ќе ја бараме солидарно од страна на работодавачот, односно Генералниот секретар, и од страна на работниците, кои што иако знаеле дека треба да доаѓаат на работа, иако знаеле дека совесно треба да ги извршуваат своите работни задачи, не доаѓале на работа.

Располагаме со писмена евиденција, и тоа како доказ ќе биде доставено до Јавното обвинителство, од којашто се гледа дека овие вработени, во последните 2, 3 или 4 години, зависно од тоа кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред, доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во останатите 4 дена немале никаква обврска. И во истиот ден кога доаѓале на работа, немале никаква друга обврска, туку едноставно требале да дојдат и да се потпишат.

За да бидат работите уште пострашни, овие вработени користеле годишен одмор, користеле платено отсуство, биле фиктивно оценувани за својата работа, и сите тие вработени добивале една иста сообразна оцена, оцена 3 од причина што според законот, со добивање на средна оцена, вие ниту одите горе ниту одите долу во своето напредување, туку останувате на истата позиција на којашто сте биле пред оценувањето. Значи станува збор за едно организирано делување, и во кооординација помеѓу претходниот Генерален секретар, вработените кои што земале плата и службите кои што го организирале таквото делување. Затоа според казнениот законик на Република Македонија ќе биде покрената соодветна постапка пред соодветните институции“, истакна генералниот секретар на Владата образложувајќи дека дисциплинскатапостапка којашто е покрената од негова страна е во рамките на законски определените рокови. 

Испочитувани се максимално Законот за јавни службеници и Законот за работни односи, и слободно доколку некој смета дека е повредена некоја одредба од некој закон може да ја оспорува.

Дисциплинската постапка е запрена, не значи дека нема да продолжи, таа е запрена се до завршување на локалните избори, согласно член 8б од Законот за избори.

По завршување на изборите, дисциплинската постапка ќе продолжи.  Но тоа не значи дека треба да го чекаме завршетокот на локалните избори, како би покренале соодветна постапка  пред надлежните институции за утврдување на кривичната договорност, и за нанесување на штета на Буџетот од 824 илјади евра.

И друга информација која што треба да ја знаете е дека  овој број на лица кои низ годините наназад не доаѓале на работа, а биле примени во Генералниот секретаријато до 2015та година наваму се намалува и доаѓа до бројката од 60-тина луѓе, од причина што во 2015 година бројот на лица кои што не доаѓале на работа, а земале плата изнесувал 600.

Тие лица со текот на времето, како почнаа да се објавуваат политичките бомби, и како се осеќаше губењето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ се распоредувани по лкалните самоуправи и по институции и јавни претпријатија кои што  се во надлежност на локалната самоуправа“, рече Рашковски.

Слично

Поврзани вести