Рашковски ги повика Василевска, Момировски и Чепуњовски кај него на прес-конференција
Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, официјално ја свика прес-конференцијата по објавениот снимен разговор дека влијале во тендер за радар за потребите на Македонска навигација, иако немал такви ингеренции.
В врска со објавената „бомба“ за тендерот во МНАВ тој ги повика и новинарот Горан Момировски, кој го објави разговорот, Климент Чепуњовски, поранешен директор на агенцијата за кој се верува дека е свиркачот, и Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ која го обвини Рашковски за злоупотреба на слуќбената положба.
„Почитувани, утре, 2.7.2019 година со почеток во 12 часот ќе се одржи прес конференција околу снимениот разговор од состанокот со претставници на МНАВ, италијанската компанија Леонардо и претставник од Министерството за транспорт и врски. Со оглед на обвинувањата и други видови на напади, корекно е на прес конференцијата да присуствуваат и:
Иванка Ина Василевска Македонска – член на ВМРО-ДПМНЕ
Климент Чепуњовски
Горан Момировски
Бројот на прашањата кои сакаат да го постават е неограничен“ напиша Рашковски
Според прислушкуваниот разговор, се работи за транскрипти и аудио-снимки меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската банка за обнова и развој (EBRD)