Рашковски доби 11 извинувања од ВМРО-ДПМНЕ
Секртетарот на Владата, Драги Рашковски, на Фејсбук објави документи на кои, тврди владиниот функционер, се гледа како ВМРО-ДПМНЕ му се извинува за поранешни обвинувања во јавноста.
Споре Рашковски, доволно е тоа што добил извинување и нема да поднесе тужби.
„Првин ќе ве напаѓаат, после ќе ви се извинат, а би сакал да дојде момент кога меѓусебно ќе се пофалиме за сработеното.
11 извинувања за 11 обвинувања од страна на ВМРО- ДПМНЕ
- за непотизам
- за кумски врски
- за присвојување на материјална корист
- за незаконско работење
- за се што требаше да доведе до мое деградирање на професионален и личен план.
Наместо да се впуштам во “ѓаволско докажување” на обвинувањата одговорив со тужби за клевета кои завршија со спогодби преку кои се извинија за се што беше изнесено во јавноста.
Нека е ова правна пракса за тоа како треба да изгледа политички дијалог и решавање на меѓусебни обвинувања“.
Во прилог едно од 11-те договори според кои Рашковски нема да тужи доколку добие извинување.

