Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСФРЛАНО ЃУБРЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - кој е виновен и дали скопјани многу бараат ако посакаат чиста околина

РАСФРЛАНО ЃУБРЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - кој е виновен и дали скопјани многу бараат ако посакаат чиста околина

Во време кога градската власт води битка со локалната власт на Чаир околу, како што се наведува во обвинувањата дека таму има огромен број дивоградби, а во целата политичка препирка е вклучена и власта и опозицијата, на скопјани им останува еден голем проблем, а тоа е ѓубрето.

Имено, ѓубре има насекаде, расфрлано по улици и надвор од контејнерите каде што му е местото.

Читател ни испрати фотографии од улицата Боемска, општина Центар, буквално во централното и најпознатото градско подрачје, кое е седиште на бројни кафеани и ресторани кои служат за разонодување на жителите на главниот град, и важат за едни од подобро посетените и популарни угостителски објекти.

Но, за жал, бројни отпадоци расфрлани насекаде и несобрани, го нагрдуваат лицето на овој дел од Скопје. 

Слично

Поврзани вести