Расцветаа дрвјата во Гевгелија: Дали ќе има род или ќе премрзнат овошките останува да видиме
Деновиве иако календарски е зима, времето се однесува како да е пролет, па ги прелажа дрвцата кои веќе се убаво расцветани во Гевгелија.
За тоа сведочи оваа фотографија од расцветан Бадем кој се „пече“ на убавото февруарско сонце.
Не е прва година да биде топло во февруари, но некако годинава е навистина претопло во споредба со другите години.
Дали ќе имаат род овошките годинава, или за некоја недела ќе ги зафати студ и ќе ги уништи останува да видиме. А според метеоролозите неделава ќе уживаме во топло време, со температури до 20 степен.
Љупчо Алексовски, кој е сопственик на фотографијата за Фактор изјави дека токму оваа дрвце т.е бадемот е расцветано веќе една недела и е оптимист дека ќе има род, бидејќи бадемот е отпорен на студ.
Н.М.
Фото: Фејсбук
