Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСЧИСТУВАЊЕ НА МАГЛАТА – КОНЕЧНО ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе има и дожд и снег, еве кога следува големата промена

РАСЧИСТУВАЊЕ НА МАГЛАТА – КОНЕЧНО ПРЕКРАСНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе има и дожд и снег, еве кога следува големата промена

Божик како што претходно беше најавено ќе го поминеме во знакот на стабилно и суво време со натпросечно високи температури на воздухот. Постудено и со магла, ниска облачност и загаденост ќе биде низ котлините.

Метеорологот Славчо Попоски потоа најавува промени.

-Промена на временската состојба кај нас која конечно ќе донесе врнежи од дожд, снег на планините и ветер ќе имаме од понеделник попладне и навечер (9 јануари). Поради заладувањето, во вторник навечер и во текот на ноќта кон среда следната седмица услови за провејување на снег ќе има и на некои места со помала надморска височина. Сето ова ќе придонесе за расчистување на маглата по котлините, но и за намалување на загаденоста, што значи дека конечно граѓаните на Македонија ќе дишат почист воздух, прогнозира Попоски.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Слично

Поврзани вести