Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ранливите групи, бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа до 27 јули

Ранливите групи, бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа до 27 јули

Владата ги измени препораките поврзани со топлото време.

На денешната 64-та седница, на предлог на Министерството за здравство, Владата ја измени одлуката во врска со препораките поврзани со високите временски температури.

„Според добиените информации од Управата за хидрометеоролошки работи, дека во државава, високи температури се очекуваат и во деновите по 24 јули, Владата донесе одлука за измена на заклучокот од претходната седница, којшто се однесуваше на ослободување одредени категории лица од работни обврски од 21 до 24 јули 2022 година, со тоа што овој рок е продолжен до 27 јули 2022 година. Препораката за ослободување од работни обврски во периодот до 27 јули се однесува на ранливите групи граѓани, меѓу кои и бремените жени и лицата над 60 години. Од оваа одлука, согласно насоките на Народниот правобранител, се иземаат хронично болните лица“, велат од Владата.

Другите мерки за заштита на граѓаните од топлото време, донесени на 63 владина седница остануваат на важност.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести