Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ранко Бубамара: Во Македонија нема ни да играме ни пееме, ќе си поќутиме

Ранко Бубамара: Во Македонија нема ни да играме ни пееме, ќе си поќутиме

Ранко Петровиќ од популарното скопско радио Бубамара, духовито реагира на забраната за емитување на македонска и српска музика. На прашањето што мисли за забраната, како и за проблемите со авторските права кои се појавија во изминатите години еве што одговори за faktor.mk :

- До пред некое време, кога ќе ни дојдеа  гости и уметници од друга земја со голем восхит знаеја да кажат „во Македонија ако пееш ќе те натпеаат, а ако играш ќе те надиграат“ - за жал дојде време кога не може да слушнеш некој да пее, а ниту да видиш некој да игра - ни остана само да си по - ЌУТИМЕ.

На прашањето како гледате дека би можел да се реши проблемот,  Ранко Бубамара во негов стил едноставно ни одговори :

- Едните треба да бараат помалце , другите да даваат повеќе , а третите да се потрудат - животот да ни биде песна, убава и лесна, истакна Ранко Бубамара.


Слично

Поврзани вести