Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАНГИРАЊЕ СПОРЕД ЧОВЕКОВИ СЛОБОДИ: Уште многу работа треба да ја стигнеме Словенија

РАНГИРАЊЕ СПОРЕД ЧОВЕКОВИ СЛОБОДИ: Уште многу работа треба да ја стигнеме Словенија

Далеку зад Словенија, но подобра од дел од балканските земји. 

Нашата земја се наоѓа на 56. место според Индексот на човекови слободи за 2019 година. Рангирашњето го објави американскиот Институт „Като“. Македонија доби оценка од 7,34 индексни поени.

Земјата има раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).

Од регионот, најдобро рангирана земја е Словенија на 35. место со 7,97 индексни поени, а зад неа е Хрватска на 37. (7,86), потоа следи Албанија на 38. (7,84), Бугарија на 39. (7,79), Црна Гора на 53. (7,43), Босна и Херцеговина на 55. (7,37), Грција на 57. (7,33), Србија на 58. (7,30) и Турција е на 122. (6,21).

Земени се в предвид 76 индикатори поврзани со личните и економски слободи, владеењето на правото, безбедноста и сигурноста, потоа слободата на движење, на вероисповед, на здружувањето и граѓанското организирање, на изразување и на информирање, како и почитувањето на сопственоста, пристапот до финансиски средства, трговски слободи и регулацијата на работните и деловните односи.

На место број 1 е Нов Зеланд со 8,88 индексни поени, пред Швајцарија (8,82), Хонг Конг (8,81), Канада (8,65), Австралија (8,62), Данска и Луксембург (по 8,56), Финска и Германија (по 8,53) и Ирска (8,52). Потоа следат Шведска, Обединетото Кралство, САД, Тајван, Јапонија, Јужна Кореја, Чиле, Франција, Јужна Африка итн. 

На самото дно од 151. до 162. место се најдоа Ангола (5,40), Конго (5,36), Етиопија (5,25), Иран (5,10), Алжир (4,99), Либија (4,64), Египет (4,50), Ирак (4,34), Судан (4,32), Јемен (4,30), Венецуела (3,80) и Сирија (3,79).

Во рангирањето се вклучени 162 држави. 

Земјите од Западен Балкан исто така имаат ниски оценки според Индексот за човековиот развој. 

Инаку, Македонија беше рангирана на 82 место на светската листа на УНДП за човечки развој, објавен неодамна. 

Северна Македонија е оценета како медиумски најнеписмена земја во Европа според годишниот Индекс на институтот Отворено општество.- Софија, беше уште еден неславен рекорд за нас годинава. 

Македонија е 54-та земја според Индексот на просперитет за 2019 година. 

Слично

Поврзани вести