РАНГИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕШНЛ СОС: Дали Македонија е безбедна земја?
Интернешнл СОС oбјави дека Македонија е безбедна земја.
Нашата е земја со низок ризик во однос на климатските, медицинските и безбедносните промени, покажува мапата на медицинскиот и безбедносен консулатнт Интернешнл СОС. Најбезбедните држави се сите во Европа: Исланд, Луксембург, Норвешка, Швајцарија и Данска.
Мапата проценува различни фактори за да ги информира патниците и бизнисите за потенцијалните закани во земјите ширум светот. Ги собира проценките на здравствениот и безбедносниот ризик, како одраз на влијанието на настаните како што се тековниот конфликт во Украина и војната меѓу Израел и Хамас. Оваа година за прв пат мапата, вклучува и оценки врз основа на опасностите од климатските промени. Земјите се оценети за секоја ризична категорија – медицински, безбедносни и климатски промени – на скала од пет нивоа која се движи од „ниско“ до „многу високо“ за медицински и климатски промени и „незначително“ до „екстремно“ за безбедност.
Јужен Судан, Авганистан, Сирија, Либија и Сомалија се прогласени за најризични земји за 2024 година, според Интернешнл СОС. Украина, Сирија, Ирак, Авганистан, Либија, Јемен, Јужен Судан, Централноафриканската Република и Сомалија добија највисоко ниво на предупредување „екстремно“.
фото принтскрин
