Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рангелова се срами од шиканирање на пратеници

Рангелова се срами од шиканирање на пратеници

Даниела Рангелова, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ,  вечерва на телевизија 24 изјави дека таа лично се срами од чинот на шиканирање и обележување на пратениците кои гласаа за уставни измени.

Вели дека нема да си даде оставка како пратеник, затоа што добила мандат од граѓаните. 

„Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени. На денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу ме загрижи што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното раководство барем се имало јасен став“, вели таа. 

Додава дека нејзина грешка било што молчела, и вели дека во времето на Груевски било поинаку. 

„Додека Груевски беше на чело, имаше предлог да се исклучат реформаторите, јас и уште неколкумина бевме против и тие не беа исклучени. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за потребата од уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда и сметав дека ако останам да седам со нив ќе ме обележат уште повеќе“, додава таа. 

Според неа, тој чин бил нечовечен и се срами од него. 

Слично

Поврзани вести