Рангелова распали по сопартиецот за навредите кон министерката Нина
Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова не му преќуте на сопартиецот Наум Стоилковски за навредите упатени кон новата министерка Нина Ангеловска. Преку социјалните мрежи Рангелова го осуди ФБ статусот на Стоилковски пишувајќи дека најостро го осудува било кој сексистички напад на секоја жена без разлика на било која политичка партија е членка или функционерка.
Таа вели дека треба да се задржиме нивото на однесување и да престане говорот на омраза насочен кон жените.
Имено, во фејсбук објава, коментирајќи ја првата прес конференција на новата министерка за финансии Нина Ангеловска, Стоилковски ја нарече министерката „Нина Групировка“ и „Џирло девојка“.
Подоцна се извини со напомена дека неговите изрази се погрешно протолкувани, а го осудија здруженијата на жени, од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ но го искритува и пратеничката Ивана Туфеѓиќ која му кажа стоп за сексизмот и шовинизмот.
