Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рангелова: Не сум пополнувала, ниту уплаќала уплатници

Рангелова: Не сум пополнувала, ниту уплаќала уплатници

Осомничена сум за организирање на група за пополнување на уплатници во 2010 година за донирање на средства,  изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова по излегувањето од Специјалното јавно обвинителство каде даде исказ. 

Таа беше повикана на распит во врска со истрагата за случајот „Талир“. 

Рангелова рече дека побарала побарала увид во доказите и ѝ било кажано дека ќе ѝ бидат доставени. 

„Во општинскиот комитет Центар јас во 2010 година немам никаква функција и не сум пополнувала, ниту уплаќала уплатници, ниту пак сум била организатор на некаква група. Истрагата ќе продолжи и ќе почекаме да заврши постапката“- изјави Рангелова.  

Пратеничката демантираше дека била вклучена во организирање уплати на донации за партијата.

Истрагата „Талир“ СЈО ја презентираше на 22 мај. 

Станува збор за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а се осомничени вкупно 14 лица. 

Слично

Поврзани вести