Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рангелова: Македонската жена секогаш го бранела родното огниште

Рангелова: Македонската жена секогаш го бранела родното огниште

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во обраќањето пред празникот 8 март порача дека македонската жена секогаш стоела рамо до рамо до мажите кога е во прашање одбраната на родното огниште.

– Моите чекори денес се насочени подеднакво кон вас, кои што сте присутни во салава, но и кон сите други членки на Унијата на Жени што денес не се со нас, но најважно и кон сите жени на Република Македонија. И кон жените кои што сеуште трпат неправди и понижување, а чиј глас сите ние мора да бидеме. Има мигови кои не можеме, но мораме да ги издржиме. Има судбини кои не можеме да ги измениме, но мора да ги прифатиме вистините кои сега не болат, а мора да ги живееме. Затоа почитувани мои членки на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ сакам од срце да упатам благодарност до секоја од вас, која во моментов е доследна на себе и на Организацијата, на секоја од вас која храбро го издржува секој удар на денешницата и сакам да ја поздравам Жаклина Пешевска која денес е со сите нас. Особено ми е драго што таа денес е со нас тука и што продолжи да оди и да чекори по патот кој што го имаме зацртано. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина. Верувам во правосудниот систем и верувам дека Жаклина ќе го докаже тоа за кое што има докази и факти, рече Рангелова.

Рангелова рече дека сака сите да знаат дека во овие моменти не се сами.

– Сите ние заедно сме столбот, бедем што не може никој да го сруши, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација на силни жени. Не постои ништо лошо во тоа да се биде силна жена. И на светот и на Република Македониј им се потребни силни жени. Постојат многу горди и силни жени кои ние не ги знаеме и не ги гледаме, а се прекрасно мајчински настроени. Тие одлучиле да останат невидливи, вели Џинџерс Роџерс. Огромна почит кон нив. Но јас овде во салава пред мене гледам независни, самоуверени и успешни жени, кои го слушаат своето срце и својот ум. Тоа ме прави особено горда што ве имам вас покрај себе, жени, докторки, професорки, шивачки, жени политичарки, грижливи домаќинки, столб во семејството и движечка сила во општетсвото. Но секоја од вас е приказна сама за себе, искрена, јасна и трајна. Денов Ви го посветувам Вам, драги мои пријателки, соработнички, членки, кои несебично работевте и ќе работите за интересите на секоја од нас, ќе работите за интересите на државата. Среќна сум што сум дел од вас и што заедно го носиме исконскиот рефлекс како жени, мајки, заштитнички. Унијата на жени ќе биде двигател и инспирација за промени бидејќи знаете, убавината на жената не е во нејзиното лице, туку убавината на една жена е рефлектирана во нејзината душа. Таа е грижата која што таа ја дава и која што ја покажува. Убавината на жената велат расте со текот на годините, „Одри Херберт“. Не случајно жената е вечна инспирација на сите уметници. Така е поради тоа што жената е нешто најубаво и највозвишено. Алхемичарот создал волшебство со кое царува во светот а најголемото волшебство што го носи таа е што носи живот и што носи радост. Не постои уметник, поет во чии мисли не се нашол поимот „жена“. Жан Батист Поклен Молиер во едно од своите дела величејќи ја жената вели: „Жената е единственото суштество што може да плаче и да се смее за една иста работа а честопати и во исто време“, рече Рангелова.


Слично

Поврзани вести