Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рангелова „ја шутна“ адвокатката и сама ја испрашуваше Симоновска

Рангелова „ја шутна“ адвокатката и сама ја испрашуваше Симоновска

Функционерката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, денеска како обвинета во случајот „Насилство во Центар“ го испрашуваше сведокот Цветанка Симоновска, објави Фокус.

Пратеничката денеска го презеде испрашувањето врз сведокот, откако нејзината адвокатка Сања Алексиќ покажа дека не се снаоѓа.околу поставеноста на советничките групи во бараката шест во Општина Центар, каде Рангелова и Симоновска своевремено беа советнички во 2013-та кога се случи фамозниот напад.

Откако Рангелова го презеде испрашувањето се обиде да го оспори тврдењето дека таа е организатор на протестите.

– Во тоа време јас бев само член на општинскиот комитет и советник во Центар. Дали би се согласиле дека јас на таа функција не би можела да бидам организатор? – прашала Рангелова.

Ни во еден момент не спомнав дека сте организатор на протестите. Реков дека оркестрирано ситуацијата внатре ја пренесувавте надвор. Кога Шиповиќ ќе почнеше да зборува вие ги интензивиравте реакциите. Мое убедување е дека таа оркестрација беше директна – рече Симоновска.

На прашање на Рангелова дали по протестите Симоновска кога ќе ја види на улица срдечно ја поздравува и прегрнува, Симоновска рече: До денеска имам извонредни релации со сите колеги кои учествуваа, затоа што простувањето е дел од христијанството во кое вие верувате – одговори таа.


Слично

Поврзани вести