Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМПА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ: До 1 август нема влез во Грција и Бугарија

РАМПА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ: До 1 август нема влез во Грција и Бугарија

Бугарија и Грција воведоа забрана за влез на македонски државјани. 

До први август има целосна забрана за влез на македонските граѓани во Грција и Бугарија. 

Со новата одлука на Европската Унија овие две држави целосно ја спуштија рампата за земјите од Западен Балкан. 

Привремената забрана за Бугарија важи за сите  без разлика на нивното државјанство и тоа преку сите гранични премини.

Од одлуката се иземени оние македонски државјани кои  транзитираат преку Бугарија за да се вратат дома.

И  Грција до  31 јули го продолжи привременото ограничување  на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Македонија.

Во одлуката потпишана од  грчките министри за здравство  и  транспорт се наведува дека ограничувањето  е од превентивни причини за заштита на јавното здравје поради дополнително ширење на коронавирусот.

Слично

Поврзани вести