Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Рамноправна поделба на неплатениот труд во домот е неопходна“ - еве што напиша некогашниот министер за надворешни Димитров

„Рамноправна поделба на неплатениот труд во домот е неопходна“ - еве што напиша некогашниот министер за надворешни Димитров

Меѓународниот ден на жената вообичаено е ден кога се прават споредби за вреднувањето на трудот на мажите и жените, но и еден од ретките денови кога се признава придонесот на жените во домаќинството. 
Токму на оваа денеска, со посебен статус се осврна, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. 
- Според статистиката на Обединетите Нации, жените вршат два и пол пати повеќе неплатена работа во домаќинството од мажите.

Оваа статистика ги опфаќа дури и најразвиените земји, што значи дека предизвикот на жената да напредува во својата кариера никаде на земјава не е еднаков со тој на мажот, оти тежината што на нејзиниот грб ја даваат грижата за домот и децата, е многу поголема од таа што ја носи мажот.

Во општества со менталитет и воспитување како балканските ова е многу поизразено.

Затоа, додека обврска на државата е воспоставување на институционален систем каде жената ќе биде целосно рамноправна, наша лична обврска е успехот на оваа битка дома.

Рамноправна поделба на неплатениот труд во домот е неопходна за вистинска еманципација на жената и овозможување на нејзина еднаква стартна позиција и навистина фер услови за натпревар, низ сите нејзини лични и професионални животни битки.

Јас на оваа тема станувам подобар од година в година. И продолжувам! 

Честит да ни е Осми март! - напиша Димитров. 
Еве ја неговата објава:

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести