РАМНОМЕРНА РАСПРЕДЕЛБА: Како ФЗОМ планира да ги направи лековите подостапни на граѓаните
Фондот за здравство преку рамномерна распределба планира да ги направи лековите во аптеките подостапни до граѓаните така што ќе ги зголемат квотите за лекови за околу 20 000 денари месечно.
Како што кажа директорот на Фондот Ден Дончев, сите аптеки ќе имаат рамномерна распределба што значи дека нема веќе едно право лице да добие и до 40 насто поголема месечна квота.
650 илјади денари е сумата за максимален износ на квота по аптека а како што се соопштува ќе има можности непотрошените лекови на рецепти да ги префрли во другите негови аптеки во подрачната единица.
Слично
