Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рамковски ќе ја обнови А1 телевизија и ветува уредувачка автономија

Рамковски ќе ја обнови А1 телевизија и ветува уредувачка автономија

Велија Рамковски, сопственик на првата приватна телевизија во Македонија, А1, најавува дека ќе ја обнови телевизијата која што беше насилно затворена. 

Рамковски во интервјуто дадено за Слободен печат вели дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него беа во Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат уредувачка автономија загарантирана со статут. 

Рамковски смета дека телевизијата им недостига на гледачите. 

После повеќе од седум години минати во затвор,  Рамковски деновиве излезе од Идризово поради здравствени причини.

Слично

Поврзани вести