Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рамковски: Франција затегнува за датумот, ама Германија нема да не остави сами како досега

Рамковски: Франција затегнува за датумот, ама Германија нема да не остави сами како досега

Емануел Макрон засега единствен кочничар за старт на преговорите на Македонија со ЕУ. Скоро цел свет будно ја следи ситуацијата и одлуката која ќе ја донесе Франција.

Токму таму утре патува германската канцеларка Ангела Меркел која ќе се обиде да го разубеди Макрон да не става вето и дополнителни услови.

Дали Македонија ќе добие датум, пред неколку дена Фактор го запраша Велија Рамковски, некогашен сопственик на поранешна А1 телевизија а тој еве што ни одговори:

-Франција затегнува, но јас Мислам дека Германија, а и другите членки, сигурно веќе нема да ја остават Македонија сама како досега. Сигурно Македонија ќе оди една крупна скала нагоре. Ме нервира кога датумот се доживува како успех или неуспех на власта. Тоа е нашата иднина и јас не сакам да го врзувам со партија. Знам дека не не бива, и знам дека само со ЕУ и НАТО можеме да станеме поквалитетни“, кажа Велија.

Целото интервју може да го прочитате тука.

Слично

Поврзани вести