„РАМКОВНИОТ БЕШЕ НАМЕТНАТ, ОД НЕГО СИ СТРАДАМЕ 24 ГОДИНИ“: Ванковска за Рамковниот договор
Професорката Билјана Ванковска за Рамковниот договор, вели дека бил наметнат и не бил за траен мир во земјата, туку за привремено запирање на меѓуетничкиот судир.
„Синоќа свечен прием, а денес и свечена владина седница по повод 24-та годишнина од Рамковниот договор. Со оглед на наративот кој се форсира, за жал, може да се каже дека за скоро четврт век не е научено АМА БАШ НИШТО!!! Рамковниот договор беше не само наметнат од надвор (напишан на англиски јазик во оригинал), туку и не беше договор за траен и одржлив мир, туку за времено запирање на меѓуетничкиот судир (така го дефинираа, иако за наша среќа обичните луѓе не фатија ни оружје ниту тргнаа едни на други, без оглед на националноста). Од тој „договор“ потпишан од лидери на 4 политички парламентарни партии (клои не беа во воен судир) произлезе еден политичко-етнички хибрид од кој си страдаме 24 години, кој го уби демосот, ја уби и либералната демократија. Создаде етнократија и ја внесе во уставот.
Е па, ај честито - на тие што профитираа(т)! Македонија назадува, сваког дана у сваком погледу... (Патем, БиХ е слична, ама малку покомплицирана приказна за „мировно решение“ по консоцијациски терк)“, напиша таа.
Слично
