Рамиз Мерко повторно кандидат на ДУИ за градоначалник
Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, повторно ќе ја има поддршката од ДУИ за локалните избори во октомври, потврди првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Предлогот од страна на лидерот на „интегративците“ Али Ахмети бил прифатен на Генералниот совет на ДУИ, додаде Груби кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор,
- Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира. Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен, откри вториот човек во Владата.
