Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рамадани - Македонија ќе го поддржува Косово со своите западни сојузници

Рамадани - Македонија ќе го поддржува Косово со своите западни сојузници

Аналитичарот Исмет Рамадани за ТВ 24 посочи дека Македонија се повеќе се приближува до западните меѓународни институции како ЕУ и НАТО и токму како резултат на тие аспирации е и признавањето на Косово и секако понатамошната поддршка за овој сосед на патот кон неговото меѓународно етаблирање во различни сојузи и тела.

- Македонија се уште се наоѓа под влијание на големите сили, а исходот од тоа е договорот за добрососедство со Бугарија, но и дипломатскиот скандал со Србија. Реакциите на Србија на адреса на Македонија а во врска со Косово се поддржани од Русија, но таа полека ги губи своите позиции на Балканот. Македонија пак е чекор поблиску до НАТО и ЕУ и во склад со тоа мора да ги води и своите надворешни политики, вели Рамадани.

Затоа Србија не треба да ги оценува потезите на Македонија како мешање во нивните внатрешни работи туку како сопствена определба за заеднички став со своите сојузници.


Слично

Поврзани вести