Рама во Скопје: Се надевам дека нема да ви побараат да се викате „Западна Бугарија“
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска како учесник на Скопскиот форум во хотелот Александар Палас му даде безрезервна поддршка на премиерот Зоран Заев и на Македонија на патот кон евроинтеграцијата.
Албанскиот премиер побара искреност од Европската унија и побара од нив да не и кажуваат на Албанија и Македонија дека „не сакаат но дека двете земји не се подготвени“, туку да кажат искрено дека „Брисел не е подготвен да не прими во семејството“.
- Заев се спротивстави на сите нерешливи проблеми, ја отвори партијата да вклучи Албанци за тоа да биде граѓанска партија а не моноетничка. Тој има право да се чувствува фрустриран затопа што Бугарија бара нешто повеќе. Му реков дека нема да бараат да се нарекувате „Западна Бугарија“ . Не сме ние тие што не успеавме, туку тие не успеаја. Но тоа е нивна куќа, не е наша куќа. Ние сме Европејци без ЕУ. Но,сепак сме Европа. Ние сме во средиштето на Европа.
Единствениот проблем што го имам со овие луѓе (ЕУ) е што кажуваат „ние ве сакаме, но имате некои проблеми што не сме ги решиле. Што мислат со топа кога ќе речат „не сте подготвени“. Ние сме подготвени. Едноставно нека кажат - сте ја завршиле работата, но ние не сме подготвени, рече Рама.
