Рама вели дека Албанија е заложник и ќе бара да се раздвои од Македонија на патот кон ЕУ
Албанија ќе бара раздвојување од Македонија ако не се отворат преговорите за 6 месеци.
Албанскиот премиер Еди Рама кажа дека Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија.
„Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Северна Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено Специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот“, рече Рама.
Македонија не може да ги почне преговори со ЕУ додека не се тргне бугарското вето. Разговорите меѓу двете земји продолжуваат во новата година.
Слично
