РАМА СТАВИ ЦРНА ЛЕНТА НА ЕМОТИВНАТА ОБЈАВА: Братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија
По трагичниот настан во тетовската модуларна болница, пристигнуваат изрази на сочувство од целиот регион. Не изостана ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, кој во објавата изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
-Придружувајќи се кон сите вас во искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово, како и во братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија, ви посакувам мирен ден вам и на вашите семејства,наведува албанскиот премиер Рама во постот на неговиот профил на Фејсбук.
Слично
