Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама најави суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга

Рама најави суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга

Се договоривме за иницијативите на Груби за суво пристаниште во Струга и за нов граничен премин Поградец-Струга, вели албанскиот премиер Еди Рама. 

Постигнат е договор на денешната заедничка седница на Владите на Македонија и Албанија што се одржа во Скопје. 

„Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека создаваме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес“, рече Рама.

Рама владината конференција ја оцени како многу продуктивна и рече дека на неа се финализирани 21 договор меѓу двете влади.

Евроинтеграции, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување. Во овие сфери двете земји потпишаа договори и меморандуми. 

И македонскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама порачаа дека ова е само потврда на новиот дух на соработка меѓу земјите од регионот и продолжување на унапредувањето на партнерството од иницијативата „Отворен Балкан“.

Но, и двајцата премиери беа јасни дека целта и за Скопје и за Тирана е членство во ЕУ – рокот за тоа  е 2030 година. 

Инаку, ова е втора владина седница меѓу Македонија и Албанија. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести