Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама ja нападна Бугарија, однесувањето кон Македонија било срам

Рама ja нападна Бугарија, однесувањето кон Македонија било срам

Во интервју за германскиот весник „Франкфуртер рундшау“, албанскиот премиер Еди Рама рече дека однесувањето на Бугарија кон Северна Македонија е срам.

Кажа дека Софија повеќе направила поделби, отколку што обединила. 

„Се надевам дека тоа ќе се промени сега“, изјави Рама, јави АБЦ њуз.

Албанските медиуми посветуваат посебен простор за почетокот на преговорите и на Северна Македонија, што е најавено за утре на првата меѓувладина конференција.

„Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи и првата Меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја прочита воведната изјава на македонски јазик. Потоа започнува верификацијата која ќе трае година и пол и по завршувањето на тој процес се планира следната меѓувладина конференција со која ќе се заврши фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот“, наведува Топ чанел.

Албанските медиуми наведуваат дека францускиот предлог предвидува надминување на разликите меѓу Скопје и Софија во однос на македонскиот јазик, идентитетот и историското минато, додека бугарската страна бара од македонската страна да го вклучи бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот, како рамноправно со другите народи. Рама и претходно ја критикуваше Бугарија затоа што ја кочи Македонија. Доколку Македонија не ги почнеше преговорите, Албанија ќе бараше раздвојување. 

Слично

Поврзани вести