Рама и Заев постигнаа договор за слободна економска зона
Албанскиот премиер Еди Рама по средбата со шефот на македонската влада Зоран Заев во Тирана рече дека постигнале договор за создавање заедничка економска зона меѓу двете земји. Рама меѓу другото рече дека земјите од Западен Балкан треба да воспостават заедничка транзитна зона, налик „Шенген“ на земјите во ЕУ, каде што луѓето ќе се движат слободно низ границите без проверка.
„Ние почнавме таков процес со Косово зшто е само почеток да се задржи чекор со другите земји во регионот. Сите балкански земји треба да бидат вклучени во овој процес. Границите ќе бидат слободни со сите земји од Западен Балкан, како што е тоа меѓу оние од Европската унија. За граѓаните да влезат и да излезат без никаква контрола на двете страни на границата - рече Рама.
Заев во својот говор се заблагодари на државата пријател на Македонија, Албанија, која го ратификуваше протоколот за пристап на Македонија во НАТО меѓу првите. Тој нагласи дека паралелно двете земји се фокусирани на јуни, за кога двете земји очекуваат да добијат Датум за преговори со ЕУ.
Тој, исто така, истакна дека ако двете земји ги почитуваат одредените задачи на ЕУ, Европската унија нема да се двоуми да отвори разговори во јуни. Заев, исто така, зборуваше за Охридскиот договор, за кој нагласи дека истиот се спроведува успешно.
Рама ја истакна важноста на Преспанскиот договор, кој според него го отвора патот за Македонија да влезе во НАТО. Тој изрази гордо што Албанија беше меѓу првите земји што го ратификуваа Протоколот за пристап на Северна Македонија во НАТО.
"Преспанскиот договор, со кој заврши повеќегодишниот ќор-сокак, го отвори патот за членство во НАТО на Северна Македонија и интеграцијата во Европската унија. Драго ми е што Албанија беше меѓу првите што го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО. Северна Македонија не е само соседна земја, туку пријател. Заедно сакаме да ги отвориме преговорите со ЕУ и заедничката работа што ја правиме, размената на искуствам ни помага многу ", рече Рама.
