Рама: Груевски привично ја прифати платформата без никакви услови-а сега ја напаѓа
Албанскиот премиер Еди Рама ги отфрли тврдењата дека властите во Тирана им диктираат на албанските партии што да прават во Република Македонија, преку т.н. „Албанска платформа“.
Според него „Албанската платформа“ е документ на албанските партии од Македонија.
Пред локалната телевизија „Визион плус“ Рама изјавил дека „првично лидерот на ВМРО-Никола Груевски ја прифатил „Албанската платформа“, но подоцна го прекршил договорот“.
„Станува збор за шпекулација, за една лага и за една лоша политика. Сето ова, базирано на една лага води до една непотребна етничка поделба меѓу Македонците и Албанците. Точно е дека поради оваа „Албанска платформа“ сеуште нема мандат за составување на влада. Вистина е, исто така, дека Груевски и неговата партија го прифатија овој документ без никакви услови. Но, откако не беше постигнат договор, поради причините кои Груевски многу добро ги знае, тој почна да ја напаѓа „Албанската платформа“. Не треба да се предизвикува конфликт, поради тоа“, рекол уште Еди Рама и повторил дека платформата е изработена од албанските партии во Република Македонија.
