РАМА: Драг претседателе Иванов, Македонија без Албанците не постои!
Премиерот на Албанија Еди Рама синоќа го кажа својот став упатувајќи порака до Иванов дека албанскиот јазик не е непријател туку државотворен народ во Македонија и додал дека без Албанците нема Македонија.
„Господине Иванов, албанскиот јазик не е (јазик на) непријателите, туку државотворен народ на Македонија. Без Албанците нема Македонија драг претседателе“, напиша Рама реагирајќи на одлуката на шефот на државата да не му го додели мандатот за формирање на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Претседателот Иванов, вчера одби да го додели мандатот на Заев, иако тој докажа дека има парламентарно мнозинство, наведувајќи дека нема намера мандатот да му довери на човек или партија која во својата програма „има платформа за рушење на унитарноста и државотворноста“ на Македонија.
„Нема да отстапам од тој став“, изјави Иванов, а потоа и се обрати на меѓународната заедница и побара од нив да ја осудат или отфрлат оваа, како што рекол, платформа на странска држава, додавајќи дека ова се сериозни моменти за државата и дека секако мора да се однесува одговорно.
