Рама чека дали Македонија ќе го прифати францускиот предлог, ако не ќе бара раздвојување
Aлбанскиот премиер Еди Рама будно следи што се случува во Македонија и дали земјава ќе го прифати францускиот предлог.
Тој предупреди дека доколку не се отворат преговорите за Албанија, следниот ден ќе се бара „одвојување од македонско-бугарското прашање“. Рама се надева дека во Македонија ќе има позитивен исход.
„Доколку не биде позитивен, веднаш следниот ден ќе продолжиме да бараме одвојување на Албанија од бугарско-македонското досие. Дефинитивно сме убедени дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година без дискусија. Сега да го почекаме крајот на оваа маратонска дебата што се очекува да се одржи во парламентот на РСМ“, рече Рама.
Се надева дека македонското Собрание ќе го отвори патот за предлогот на Франција и двете земји да почнат преговори со Европската Унија(ЕУ).„Нашите очи и уши се вперени кон Скопје и мора да водиме демократска дебата. Видовте дека претседателката на Европската комисијам Урсула фон дер Лајен даде директен придонес. Нека се развие дебатата и потоа да ги кажеме нашите позиции“, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.
Тој доцна попладнево пристигна во албанскиот приморски град Валона, ја разгледа новоизградената обиколница финансирана од Европската Унија, по што одржа прес-конференција со премиерот на Албанија, Еди Рама.
