Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раководителите на Меѓународниот сојуз на Боки 13 даваат исказ, повикан и бизнисменот Азманов

Раководителите на Меѓународниот сојуз на Боки 13 даваат исказ, повикан и бизнисменот Азманов


Градежниот инвеститор Зоран Азманов денеска е повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ во кој осомничени се шоуменот Бојан Јовановски, неговиот партнер Зоран Милевски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, објави Дојче Веле.

Сопственикот на градежната компанија „Настел“ во неколку наврати изјавуваше дека е уценуван од Боки 13, а во една прилика наведе и дека Јовановски му тврдел дека поседува документи за него од финансиска полиција.

Во меѓувреме се повикуваат и раководители на Меѓународен сојуз, невладината организација на Јовановски, која била носител на проекти за чија реализација биле барани средствата ид бизнисмени.

Вчера исказ во обвинителството дала Јованка Кухар, финансиски раководител и координатор на проектите во Меѓународниот сојуз, а денеска е повикана Агапи Дика, која го води собранието како орган на оваа организација. Потписите на Кухар и Дика стојат на договорите со фирмите на кои им се „нуделе“ услуги.


Слично

Поврзани вести