Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ракометарите во посета на православната црква во Загреб за Василица

Ракометарите во посета на православната црква во Загреб за Василица

Ракометарите на македонската машка репрезентација го посетија православниот македонски храм „Света Злата Мегленска“ и го одбележаа празникот Василица заедно со европскиот владика отец Пимен. Тој одржа литургија и им посака среќа.

„Како што Кире ве водеше вчера, така да ве води и низ целото првенство“, рече владиката задолжен за европската епархија. 

„Во Загреб доаѓале многу државници, бизнисмени но не дошле во оваа црква, а вие и покрај големите обврски кои ги имате одвоивте време да дојдете“, им порача Отец Пимен на ракометарите.

Владиката на својата страница на „Фејсбук“ посака среќна Стара Нова година и побара да нема зајадливи коментари како кај неговите вообичаени објави.

Македонија во првиот натпревар ја совлада Словенија, а утре игра против Црна Гора.

Слично

Поврзани вести