Ракометарите против Романија ќе бркаат пласман на Светско
Машката ракометна репрезентација на Македонија шансата за пласман на Светско првенство ќе ја бара во бараж дуелот кој ќе го игра против Романија.
Подобриот пласман на Еуро 2018 во Хрватска, на македонската селекција и донесе значително полесен противник во квалификациите за Светското првенство во ракомет кое во 2019 година се игра во Данска и Германија како ко-домаќини.
Од таборот на македонската репрезентација истакнуваат дека добиле противник против кого може да се натпреваруваат со надежи за севкупна победа и пласман на ракометниот Мундијал, но не ја потценуваат во никој случај репрзентацијата на Романија.
Слично
