РАКОМЕТАРИТЕ ЌЕ ЗАДОЦНАТ: Ова е терминот за слетување во Скопје
Maкедонските ракометни шампиони ќе стигнат подоцна од планираното во Скопје.
Ракометарите на Вардар со задоцнување ќе пристигнат на скопскиот аеродром, поради административни причини, појаснува скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
„Почитувани, заради административни причини (пасоши, документи и сл) авионот од Келн ќе полета во 18.00 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20.30 часот. Останатото останува исто. Се гледаме на централниот градски плоштад Македонија на достоинствен пречек на нашите шампиони !!! Напред Вардар !!!, напиша на фејсбук Шилегов.
Граѓаните веќе се тргнати кон аеродромот каде ќе ги пречекаат.Вардар е шампион во Европа по втор пат, откако таков успех постигна во 2017 година./
Слично
