Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАЈ ВО БЛИЗИНА НА МОРЕ: Во соседството се продава најевтината монтажна куќа

РАЈ ВО БЛИЗИНА НА МОРЕ: Во соседството се продава најевтината монтажна куќа

Доколку го сакате хрватското приморје, и некогаш посакате да имате куќа на хрватското крајбрежје, сега е идеална шанса да го остварите својот сон.

Maла монтажна куќа во Истра, од 28 квадрати и на само 3 километри од море се продава за 20 000 евра. Имајќи предви колку во сезона чини изнајмување на сместување кај соседите, ова е повеќе од одлична шанса за купување.


И тоа не е се, огласот за продажба на куќа од 24 квадрати со тераса е апсолутен фаворит на хрватските огласи за продажба на недвижнини. Куќата се наоѓа во Омиш (Далмација) и чини само 7600 евра.

Повеќе од 50 000 луѓе го погледнале овој оглас, а веројатно оваа куќичка набрзо го нашла или ќе го најде и својот купувач.

И како трет избор за евтино купување на куќа на море се издвојува една монтажна куќа од 32 квадратни метри и со цена од 15 140 евра, и претставува една од поволните кои се на продажба.

Слично

Поврзани вести