Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рафис Алити: Доколку СДСМ има некаков сомнеж, нека го дадат мандатот да го водиме процесот

Рафис Алити: Доколку  СДСМ има некаков сомнеж, нека го дадат мандатот да го водиме процесот

Доколку  СДСМ има некаков сомнеж дека не може да ја заврши таа работа, ДУИ ќе ја превземе одговорноста за формирање на нова Влада, изјави претседателот на централната комисија на ДУИ, Рафис Алити за ТВ21.  

„СДСМ е таа која ги побара потписите на албанските партии и сега таа е таа кој што треба да го води процесот. Доколку тие имаат сомнежи дека не можат да го направат тоа, нека го дадат мандатот на друга политички партија, во овој случај на албанска политичка партија и секако дека тогаш ние би го воделе тој процес. Јас од СДСМ очекувам дека ќе се однесува достојно поради тоа што, со тоа што има 67 потписи, тоа значи дека зад СДСМ стојат 70% од граѓаните, и никој нема право да игра со волјата на граѓаните во овој случај“- изјави Алити.

Тој ги повика од СДСМ да го водат процесот, поради тоа што оваа партија има околу 70% од граѓаните.

Алити вели дека вината не ја гледа кај меѓународниот фактор.

Слично

Поврзани вести