Економија, финансии, бизнис

Контакт

Радовишанец потпалувал пожари, се обидел да избега, но полицијата го фатила

Радовишанец потпалувал пожари, се обидел да избега, но полицијата го фатила

Радовишанец е приведен поради потпалување пожари. 

За настанатите пожари во селата Погулево и Дамјан, полицајци од Одделението за внатрешни работи Радовиш го привеле И.О. од село Тополница. 

„И.О. откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот. Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост настанаа три пожари, од кои оној во с.Погулево е изгаснат, кај с.Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с.Дамјан се преземаат мерки за негово гасење“, велат од полицијата. 

Откако избија пожарите во Македонија, полицијата приведе неколку лица за подметнување. 

Полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен вчера го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река. 

Претходно е лишен од слобода и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварското село Пожаране. И за пожарите во Старо Нагоричане има осомничени. 

Слично

Поврзани вести