Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДОСТИ ВО РОДНОТО ФОРИНО НА ПРЕЧЕКОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ - извици Илирида, Чемерија, Косово

РАДОСТИ ВО РОДНОТО ФОРИНО НА ПРЕЧЕКОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ - извици Илирида, Чемерија, Косово

Техничкиот премиер Талат Џафери беше пречекан во неговото родно село Форино со извици „Илирида“ и „Косово“.

Едно видео од дочекот на техничкиот премиер Џафери, а кој беше организиран од неговите соселани, се појави на социјалните мрежи. На таа снимка се гледа дека жителите на Форино имаат формирано кордон со факели од двете страни на улицата, а тоа се случува во време кога конвојот од полициски возила и обезбедувањето на Џафери минуваат низ улицата.

Како што е познато, Талат Џафери е токму од гостиварското село Форино, и затоа тој го носеше прекарот командант Форина. 

На неговиот пречек кој се шири на социјалните мрежи, а што е придружено и со негодување од граѓани, може да се види дека техничкиот премиер се поздравува со своите соселани и познаници, а исто така и им отпоздравува на граѓаните кои дошле на неговиот пречек. 


Слично

Поврзани вести