Радослав Милошески меѓу добитниците на престижната „Business Elite's Under 30“ награда за 2024 година
Радослав Милошески, регионален менаџер за Македонија, Албанија и Косово во Delight Office Solution, е избран за еден од добитниците на меѓународната награда „Business Elite's Under 30“ за 2024 година, високо признание што го истакнува најуспешниот млад бизнис потенцијал под 30 години на европско и глобално ниво.
Оваа награда ја доделува Business Elite Awards, организација со исклучителна репутација за препознавање на млади лидери, иноватори и претприемачи кои прават значајна разлика во своите индустрии. Програмата „Under 30“ ја истакнува извонредноста, креативноста и влијанието на млади професионалци кои се на пат да станат идните столбови на глобалниот бизнис свет.
„Business Elite's Under 30“ за 2024 година вклучува листа на визионери, иноватори и лидери од различни сектори и земји, кои со својата посветеност, труд и автентичен пристап значајно придонеле во бизнис заедницата. Нивното признание е не само потврда на индивидуалните достигнувања, туку и инспирација за идните генерации.

Со повеќе од шест години искуство во водење на тимови, стратешки менаџмент и остварување на континуиран раст на приходите, Милошески се истакнува како еден од најмладите менаџери во историјата на Delight Office Solution. Тој е задолжен за управување со клучни оперативни процеси, развој и имплементација на стратегии за раст, како и проширување на пазарното присуство на компанијата во три држави од регионот. Под негово водство, компанијата бележи значаен раст, соработувајќи со глобални брендови како Microsoft, LIDL, Philip Morris International, Ericsson, Rumble и многу други.
„Ова признание за мене претставува чест, но и поттик да продолжам да вложувам во иновации, развој и градење на тимови што ги поместуваат границите на можностите,“ изјави Милошески.

Со своето лидерство и визија, тој ја позиционира Delight Office Solution како еден од водечките играчи во областа на дизајн на работни простори, снабдување со канцелариски мебел и управување со корпоративни проекти во регионот.
ПР објава
