Радмила Шекеринска на одмор додека траат преговорите со ДУИ
Вицепремиерката Радмила Шекеринска објави фотографија ид своето семејство и потврди дека во моментов ги полни батериите на одмор за следните политички предизвици.
Министерката за одбрана сепак не открива на кое место одмора, освен тоа дека се наоѓа некаде во Македонија.
Во моментов СДСМ и ДУИ преговараат за составување на Влада, откако претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, минатата недела му го додели мандатот на партискиот лидер Зоран Заев.
Претходно, Заев објави дека е на одмор во преспанскиот крај по завршувањето на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Слично
