Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Полициски час од 21 до 6 часот, објави Спасовски

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Полициски час од 21 до 6 часот, објави Спасовски

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на фејсбук веќе објави дека во земјава ќе има полициски час од 21 часот навечер до 6 наутро.

Мерката стартува од утре.

„Вечерва на седница на Владата на Република Северна Македонија донесовме одлука за воведување најрадикални мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните од коронавирусот.

Од утре започнуваме со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!
Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата“, напиша Спасосвки.

Слично

Поврзани вести